Skip to main content
Back to Opportunities

Opportunity

Оглас за Проектен менаџер

Од Nikolco GosevDecember 10, 20242 min read
Share:

The English version of this article is an AI-assisted translation.

The Macedonian text is the original. Use the language toggle above to switch.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од креативни, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим со:

Проектен Менаџер Кои ќе бидат одговорностите на проектниот менаџер?

  • Планирање и координација на проектни активности: изработка на проектни планови, следење на динамика и имплементација.
  • Управување со ресурси: човечки, технички и финансиски ресурси, контрола на буџет и трошоци.
  • Комуникација: редовна комуникација со сите вклучени страни, внатрешни и надворешни партнери.
  • Управување со ризици: навремена идентификација и минимизирање на потенцијални ризици.
  • Контрола на квалитет: следење дали активностите се спроведуваат според стандардите и очекуваниот квалитет.
  • Поддршка на тимот: водење на проектниот асистент и унапредување на тимската соработка.
  • Документација и извештаи: подготовка на периодични и завршен извештај до донатори и менаџмент, со препораки за идни проекти. Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Универзитетска диплома од релевантна област (општествени науки, менаџмент, јавна администрација, итн.)
  • Минимум 5 години работно искуство во управување со проекти, со најмалку 2 години во невладиниот сектор.
  • Познавање на процеси за извештаи, буџетска контрола и соработка со донатори.
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
  • Одлично познавање на MS Office пакетот како и Google Drive, Outlook.
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.
  • Професионален однос кон сите вклучени страни. Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Лицето се очекува да започне со работа од 01.02.2025 година, во период од 6 месеци со можност за продолжување
  • Предвидениот месечен надомест е согласно изработените работни часови во месецот (во просек 25%) каде што како основа се зема бруто сума од 153.600,00 ден за полно работно време.
  • Работата се извршува во канцеларија, во просториите на организацијата.
  • Се очекува редовно водење на дневен записник за извршените задачи. Краен рок за аплицирање е 23.12.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) на македонски и/ или англиски јазик. Апликациите се поднесуваат електронски преку е-маил на info@innovationlab.mk со наслов “Апликација за проектен менаџер“. Процесот на интервју ќе се одвива во период од 13 до 17 јануари 2025 година . Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.