Skip to main content
Back to Opportunities

Opportunity

Консултант за Организациски развој, одржливост и стратешки развој – Мрежа за Учење Науки (МУН)

Од Nikolco GosevSeptember 6, 20224 min read
Share:

The English version of this article is an AI-assisted translation.

The Macedonian text is the original. Use the language toggle above to switch.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество. Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за ангажирање на:

Консултант за Мрежа за Учење Науки (МУН)

Област: Организациски развој, одржливост и стратешки развој Во рамки на проектот ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации , СмартАП - Лабораторијата за социјални иновации обезбедува поддршка во воспоставување на "Мрежата за Учење Науки". Мрежата за учење науки е мрежа на институции активни во областите на природните науки и образованието, чија цел е да се поддржи и овозможи вклучувањето на искуственото учење во формалното образование. Фокусот на мрежата е на природните науки и заштитата на животната средина. Преку активности развиени од членовите на мрежата, посетите на институциите и интерактивните работилници, МУН ќе обезбеди материјали и средини каде учениците ќе можат да се стекнат со практични знаења, а едукаторите ќе можат да вклучат повеќе аспекти од искуствено учење во секојдневната практика и настава. Мрежата за Учење Науки во моментов е во фаза на основање/формирање и во истата во почетната фаза се очекува да членуваат следните 6 организации/институции и 1 координатор:

  • МЕД (Македонско Еколошко Друштво) - Координатор
  • Хидробиолошки завод (Охрид)
  • Природнонаучен музеј (Скопје)
  • НАРОДНА ТЕХНИКА Скопје
  • Едукативен центар "Негрево"
  • Национален парк Галичица
  • Ботаничка градинка, при ПМФ (Скопје) Потребни вештини:
  • Најмалку 8 години релевантно искуство во областа на стратешки развој и/или организациски развој
  • Искуство во работа со и/или на воспоставување на иницијативи/проекти со сличен карактер на Мрежата за Учење Науки (МУН) ќе се смета за плус
  • Познавање на образовниот сектор и/или научната дејност ќе се смета за плус
  • Одлични истражувачки и аналитички вештини
  • Искуство во пренесување на знаење (во улога на тренер)
  • Умшеност за подготовка на структурирани и процесно ориентирани документи
  • Докажана експертиза за анализа и синтеза на документи релевантни на трите области од повикот (организациски развој, одржливост и стратешки развој)
  • Умешност за независна работа, со искуство во навремена работа, работа под притисок и колаборативно работење со повеќе вклучени партнери (во случајов институции, невладини организации, научни центри и сл.)
  • Одлични интерперсонални деловни вештини
  • Напредно познавање на англискиот јазик (формален англиски), особено во подготовка на документи и извештаи
  • Познавањето на македонскиот и/или албанскиот јазик ќе се сметаат за плус Задачи: Напомена: Периодот на реализација за овие задачи е 28.09.2022 - 10.01.2023
  • Концепирање, подготовка и фасилитирање на работилници и сесии за ко-креирање (дијалог сесии) со цел вмрежување на членките на МУН и прибирање на идеи и предлози за модел за управување и работа на МУН
  • Развој на концепт за прибирање на мислења, ставови и интерес од клучни чинители (анг. stakeholders) во однос на идната Мрежа за Учење Наука
  • Организирање и спроведување на серија на состаноци, фокус групи и/или работилници со цел валидирање на интерес и прибирање на забелешки, желби и идеи од клучни чинители
  • Подготовка и достава на документ - Стратешки документ за одржливост, во кој ќе се образложени следните аспекти: Концепт за одржливост, базиран на прибраните информации од МЕД и членовите на МУН Потенцијални извори за финансирање на мрежата Потенцијални модели за финансирање и раководење со финансии Потенцијални партнерства и модели на јавни-приватни партнерства Потенцијални мрежи и модели на учество, промоција и соработка Предизвици и пречки за одржливост, идентификувани ризици
  • Концепт за одржливост, базиран на прибраните информации од МЕД и членовите на МУН
  • Потенцијални извори за финансирање на мрежата
  • Потенцијални модели за финансирање и раководење со финансии
  • Потенцијални партнерства и модели на јавни-приватни партнерства
  • Потенцијални мрежи и модели на учество, промоција и соработка
  • Предизвици и пречки за одржливост, идентификувани ризици
  • Во текот на ангажманот е предвидено консултантот самостојно да истражува и се запознава на најдобри практики за мрежи за учење наука од други држави и/или мрежи од интернационален карактер.
  • Активна комуникација со остатокот од тимот, вклучително и соработници од МЕД (Македонско Еколошко Друштво) кои ќе се главен координатор на Мрежата за Учење Науки и УНИЦЕФ (Канцеларијата во Скопје) кои се финансиери на активноста.
  • Активно учество во состаноци, презентации и работни средби кои се тесно поврзани со областа на работа на консултантот.
  • Подготовка на завршен извештај од сработената работа. Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Лицето се очекува да започне со работа од 28.09.2022 год.
  • Ангажманот се склучува преку Авторски договор со СмартАп за сработена работа.
  • Предвиден е еднократен паричен надоместок, по достава и одобрување на извештај за сработената работа.
  • Консултантот е потребно да си обезбеди сопствен лаптоп и придржна компјутерска опрема за потребите на ангажманот.
  • За апликација испратете го Вашето CV на info@innovationlab.mk со наслов "Апликација за Консултант за Мрежа за Учење Науки (МУН)", заедно со наведена понуда за консултантскиот ангажман. Понудата треба да биде базирана на наведените задачи и побарувања погоре и треба да биде разложена на консултантски денови и предвиден вкупен надомест. Краен рок за аплицирање е 20.09.2022 година.