The English version of this article is an AI-assisted translation.
The Macedonian text is the original. Use the language toggle above to switch.
Здружението на граѓани СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации Скопје ги поканува заинтересираните компании да достават понуди за изведба на вело паркинг решението - „Велоштад“ во Скопје.
Понудите се доставуваат по електронски пат на начин опишан во јавниот повик, најдоцна до 01.07.2020 година, 11:00 часот. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (со вклучен ДДВ).
Заинтересираните компании може да поставуваат прашањa исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: sofija.bogeva@innovationlab.mk најдоцна до 25.06.2020.На 26.06.2020 ќе има едно часовна средба со тимот позади решението Велоштад и договорната страна каде ќе се објаснат деталите околу дизајнот и ќе одговори на прашањата. Сите дополнителни пристигнати прашања кои ќе пристигнат до 26.06 заедно со одговори ќе бидат објавени на веб страницата на СмартАп (www.innovationlab.mk).
Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура и проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот Скопје.

