The English version of this article is an AI-assisted translation.
The Macedonian text is the original. Use the language toggle above to switch.
Почитувани наставници, почитувани професори,
Ви се обраќаме со отворена покана за повторно приклучување на иницијатива која е од важност за иднината на сите.
Согласно спроведувањето на онлајн настава, ве покануваме да направиме заеднички напори со цел обезбедување на снимени видео лекции за наставните единици за основно и средно образование предвидени за периодот јануари и февруари 2021.
Во оваа заедничка иницијатива ни е потребна вашата поддршка и за таа цел ве покануваме да се приклучите со ваша снимена видео лекција која ќе остане како траен видео-ресурс за идните генерации. Сите потребни информации за како да снимите и испратите видео лекција ќе ги најдете во секциите подолу во овој јавен повик.
Со искрена молба за ваша заложба, за сите деца на кои можеби овие лекции ќе им се многу потребни.
Ваш,
Александар Лазовски,
Проектен менаџер – СмартАп
Чекори во процесот од ваша страна:

За сите овие чекори се подготвени детални инструкции во повикот подолу.
По испраќање на лекцијата, од страна на:
- ЕДУИНО – Проверка на видео лекции според минимум технички критериуми
- БРО - Проверка и верификација на содржината на видео лекцијата
- ЕДУИНО - Објава на видео лекцијата во неделниот распоред на веб-сајтот

Преку Бирото за развој на образование, испратен е официјален допис до сите директори на основни и средни училишта на територија на Р.С.М., преку кој се објаснети насоките за реализација на снимање на видео лекции во периодот од јануари и февруари 2021 година. Имено, со цел оптимизирање на процесот, тимот на ЕДУИНО заедно со советниците од БРО подготви јавна табела во која директорите на училиштата можат да извршат увид за тоа кои лекции се доделени за снимање на вашето училиште и соодветно да ве информираат вас, наставниците и професорите во училиштата за снимање на лекциите. Чекорите кои понатаму треба да ги следите се:
Чекори:
- Ве замолуваме пред снимање на видео лекцијата, задолжително да се консултирате со директорот на вашето училиште и да одберете наставна содржина која е доделена на вашето училиште. Можете да одберете помеѓу наставните единици кои се исклучиво доделени на училиштето во кое предавате.
- Отворете ја листата со табели за средно и основно образование за да пристапите до наставните единици (клик овде)
- Задолжително оставете коментар во полето со наставната единица за која сакате да снимате видео лекција преку впишување на вашето име, презиме и мејл адреса за контакт.
→ Погледнете го ова 15 минутно видео каде е објаснет целиот процес за одбирање на наставна единица, од почеток до крај.
Погледнете го ова техничко упатство за како да оставите коментар –(„Comment”) на табелата со нас. единици

Задолжително: Погледнете ги следните четири видеа во YouTube плејлиста во кои се објаснети главните алатки и процесот на снимање (лев клик на зелените подвлечени зборови)
Задолжително:Отворете го овој документ во кој се наоѓаат сите важни документи и насоки за снимање на видео лекцијата. Внимателно исчитајте го целиот документ.
Доколку ви е потребно: Погледнете го следниов документ во кој се наведени најчестите технички проблеми и решенија
Опционално: Погледнете дел од дигиталните алатки за кои спремивме видео упатства и демонострации, доколку сакате да искористите иновативна алатка за време на вашиот видео час (Kahoot, Quizlet, WordWall, Zoom)
Препорачуваме: Видео лекцијата би било добро да ја снимите во вашето училиште, со користење на показните материјали кои ги имате во својата училница, користејќи ги лаптопите и интернетот во самото училиште.
Техничка поддршка:
Како техничка поддршка, Министерството за образование и наука ги задолжи училиштата да обезбедат првична техничка поддршка од наставник по информатика или наставник кој има искуство во подготовка на видео лекции. Ова значи дека од вашето училиште има вакво лице кое ќе ви пружи поддршка. Консултирајте се со директорот за да дознаете кое лице од вашето училиште ќе ви пружи поддршка доколку е потребна. Сепак, доколку имате некои нејаснотии за одбраната лекција, или е направена некаква грешка пријавете ја help@innovationlab.mk. Каде техничката поддршка на тимот Едуино кој работи на подготовка на видеа ќе ви пружат неопходна поддршка доколку лицето од вашето училиште не е во можност.
Минимум конфигурација за снимање на видео лекција:
*Ако не ви е јасно, препорачуваме да се консултирате со ИТ лицето во вашето училиште пред да снимате и да имате проблем со програмот за снимање на вашиот лаптоп/компјутер.
Windows:
- DirectX 10.1 compatible GPU
- Windows 7 SP1 or newer
macOS:
- Intel CPU (PPC is not supported)
- OpenGL 3.2 compatible GPU
- macOS 10.12 or newer

Задолжително: Отворете го соодветниот формулар за поднесување на видео лекција
- Одберете еден од трите формулари според соодветниот степен на образование за кое е изработена вашата видео лекција: http://eduino.innovationlab.mk/
Рок за поднесување:
- за видео лекции од 14 до 15 наставна недела: 15.1.2021
- за видео лекции од 16 наставна недела: 28.1.2021
- за видео лекции од 17 наставна недела: 31.1.2021
- за видео лекции од 18 наставна недела: 03.2.2021
- за видео лекции од 19 наставна недела: 06.2.2021
*(со фокус на брзо подготвување и испраќање на видео лекциите за првите 2 работни недели од јануари)
Сертификат: Сите поднесувачи на видео лекција ќе добијат дигитален сертификат издаден од Бирото за развој на образование. Ваквиот сертификат им бише доделен и на наставниците и професорите кои ги испратија видео лекциите за ЕДУИНО во повиците реализирани во минатата учебна година.
Важно/Напомена:
- Вашето видео ќе биде објавено по извршена верификација од страна на советник од БРО Доколку видеото не ги исполнува техничките и условите за квалитет и соодветност на содржината, ќе бидете известени во најбрз можен рок на вашата оставена е-мејл адреса
- Доколку видеото не ги исполнува техничките и условите за квалитет и соодветност на содржината, ќе бидете известени во најбрз можен рок на вашата оставена е-мејл адреса
- Според правилата на каналот за Е-Училница нема да дозволиме коментари и лајкови на видеата но истото можете да го поставите и на вашиот Youtube канал
- Вашата е-мејл адреса ќе биде додадена на нашата листа за претплатници на MailChimp со цел да ве информираме за нови отворени повици и функционалности на ЕДУИНО
Согласност: Со испраќање на видеото на адресите во горенаведените документи се согласувате видеото да биде поставено на платформата ЕДУИНО која е во сопственост на Бирото за развој на образованието. Поконкретно, видеото ќе се постави во секцијата Е-Училница и на соодветниот Youtube канал. Со цел видеото да биде достапно за сите ученици пристапот ќе биде овозможен до целата јавност согласно правилата на користење на Youtube кои можете да ги прочитате овде: https://www.youtube.com/t/terms Дополнително, дел од видео лекциите ќе бидат емитувани преку „Настава на телевизија“ на Македонската Радио Телевизија. Секој работен ден со почеток од 08:30 часот и според одредениот распоред на часови, децата од прво до деветто одделение ќе можат да ги следат едукативните содржини од нивните екрани, со цел истите да бидат достапни за сите деца. Емитуваните лекции се наменети за основно образование, на македонски и албански наставен јазик.
Последни зборови и мотивација:
Целта на ваквата иницијатива е креирање на библиотека со видео лекции коишто би можеле да ги споделиме до учениците кои би биле оневозмежени да посетуваат настава како резултат на продолжување на пандемијата со КОВИД-19.
Снимените видео лекции ќе се наменети за наставните единици за основно и средно образование, во периодот јануари и февруари 2021. Сите поставени видеа ќе сочинуваат една база на готови материјали од трајна вредност за нашиот образовен систем и затоа ве охрабруваме видеата да ги подготвите внимателно и со цел да останат како трајно богатство за сите сегашни и идни ученици и наставници.



