
За образовниот камп #Inno4Edu
Образовниот камп #Inno4Edu е шанса да дадете Ваш придонес во градењето на едно поквалитетно образование во Македонија а воедно и да искусите еден нов начин на работа кој промовира соработка, комуникација, креативност, експериментирање, мулти- дисциплинарност а воедно ја истакнува важноста на подлабоко разбирање на основите на бизнисот, дизајнерските методи и технологијата.
40
Учесници
18
Дневен Камп
10
Работилници
55
Експерти Ментори
Предизвици
На кампот ќе се работи на 3 идеи кои адресираат 3 образовни предизвици а кои беа развиени за време на хакатонот за образование кој се одржа во декември 2017 во склоп на конференцијата за Квалитетно образование за раст, развој и подобра иднина. Кампот ќе помогне овие 3 идеи да се развијат во решенија спремни за имплементација и тестирање (MVP).
Карактерни Блокови
Предизвик: Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава?
Проблем кој се решава: Недоволна застапеност на воспитната компонента во наставата.
Краток опис на идејното решение: Алатката е еден вид на водич за примена на моделот на Карактерно лего кој ќе им помогне на наставниците на еден интерактивен начин, преку групна работа, фасилитација и слободна креативна околина постепено да ги градат вредностите кај учесниците. За секој од вредностите дефинирани во овој модел наставниците ќе имаат на располагање материјали, водичи за работа и фасилитација.
Идна инклузивна училницa
Предизвик: Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка
Проблем кој се решава: Слаба меѓусебна соработка и учење; Слаби социо – емоционални вештини; Недоволно прифаќање и разбирање на индивидуалните разлики.
Краток опис на идејното решение: Нацрт на училница која се разликува од традиционалниот начин на уредување на училниците. Училница која промовира тимска работа, поттикнува разбирање на индивидуални вредности и разлики, влијае на развој на социо – емоционалните вештини кај учесниците.
Oнлајн библиотека за образовни игри за пред-школска возраст
Предизвик: Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми?
Проблем кој се решава: Недоволно знаење на воспитувачите, родителите за различни едукативни игри за предшколска возраст со чија помош се гради основата на еден успешен човек.
Краток опис на идејното решение: Веб сајт кој им помага на наставниците, родителите и децата да добијат информации за различни видови игри кои може да ги реализираат со децата а кои може да им помогнат во развивање на креативноста и љубопитноста на децата, основата на една успешна личност.
„Учењето никогаш не го исцрпува умот.“
Програма / Агенда
Кампот ќе биде организиран во периодот од 05.05 - 22.06 со времетраење од 18 дена. Дел од деновите ќе бидат посветени на учење и практична работа а дел на посети, разговори, истражување и работа во склоп на тимовите како подготовка за сесиите.
- ДефинирањеMај 05 - 11, 2018
- Развој на идејаMaj 12 - 20, 2018
- ПрототипирањеМај 21 - Јуни 02, 2018
- ФинализацијаЈуни 03 - 22, 2018
ДЕФИНИРАЊЕ
Maj 05-11, 2018г

Вовед во проектот, цели и очекувани резултати, генерални насоки и очекувања, начин на комуникација Претставување на тимовите и идеите.

Александар Лазовски
Координатор на #Inno4edu
Софија Богева
Ментор
Бенџамин Перкс
Претставник на УНИЦЕФДа се научи и да се разберат основните конектори кои овозможуваат формирање и ефективно функционирање на еден тим (причина, цели, вредности, очекувања).
Вовед во MBTI – модел за оценка на типот на личноста, оценка и разбирање на личниот тип и разбирање на важноста на секој тип во тимска комуникација.

Горазд Смилевски
ЕкспертДа се разбере групна динамика, ситуационо водство, тимски консензус, гласање.

Горазд Смилевски
ЕкспертДа се разбере принципот на универзален дизајн, значењето на инклузија во образованието и да се дознае како културата на инклузија во школите влијае на трансформација на заедниците во кои живееме.

М-р. Катарина Кречева
Експерт за инклузивно образование, Фонд за иновации и технолошки развој
М-р. Весна Илиевска
Интегрирано образование, Координатор на образовни програми за младински работници.Запознавање со процесот на работа на кампот.

Трејси Спаркс
ЕкспертРАЗВОЈ НА ИДЕЈА
Мај 12-20, 2018

Запознавање со истражувачки технологии, процесот на спроведување на истражување и достапните техники или методи кои се користат.

Софија Богева
ЕкспертДа се разбере значењето на играта во претшколска возраст и да се продискутираат придобивките/предизвиците поврзани со тоа.

Проф. Д-р Алма Тасевска
Ран детски развој, Институт за педагогија на Филозофски факултет - Скопје.
Д-р Надица Јанева
Ран детски развој, Задов да мајки и деца.Да се разберат собраните податоци од истражувањето и да се научи како се креираат сознанија (нови откритија) кои имаат вредност.

Трејси Спаркс
Ментор
Софија Богева
МенторПрилагодување на идеите согласно потребите на целната група врз основа на новите сознанија. Гласање и ажурирање на документите разработени за време на Ден 5 – дизајн на проект/производ.

TBA - Ментор
TBAПРОТОТИПИРАЊЕ
Maj 21 - Јуни 02

Краток вовед во областа на образованието од висок претставник на УНИЦЕФ.

Bobby Soobrayan
Регионален советник за образование - УНИЦЕФПрезентација на идеите, добиените сознанија и следни чекори (15 мин. по тим -презентација и фидбек).
Како да се направи иницијална скица од внатрешноста на училницата? Работилницата е наменете за учесниците кои што работат на предизвикот - Идна инклузивна училница.

проф. д-р Огнен Марина
Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Генерирање идеи/ групирање/ гласање. Изработка на “Napkin Pitch” за избраниот концепт.
Работилницата е наменета за учесниците кои работат на предизвиците - Карактерни блокови и Оналјн библиотека за образовни игри за пред-школска возраст.

Софија Богева
Ментор
Трејси Спаркс
МенторТимовите ќе научат повеќе за изработка на веб платформи, на кој начин функционираат и како се дизајнираат.
Работилницата е наменета за учесниците кои работат на предизвиците - Карактерни блокови и Оналјн библиотека за образовни игри за пред-школска возраст.

проф. д-р. Димитар Трајанов
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИМастер час: Учење карактер – Карактерни црти и Карактерно Образование (Teaching Character - Character traits and Character education)
Интерактивна работилница која ќе помогне да се демистифицира концептот на карактерно образование и да се продискутираат можните начини за негово спроведување во секојдневната настава со цел градење на карактерот кај учениците.

Аidan Thompson
Director of Strategy and Integration, Jubilee Centre for Character and Virtues - University of Birmingham