Preloader

Што е #ОбразовенКамп?

За образовниот камп #Inno4Edu

#Inno4Edu Образовниот камп е дизајниран на начин да обезбеди секој од учесниците да го научи процесот на иновирање или т.н процес на дизајнерско размислување (human centered design). Овој процес може понатаму да се примени во часовите, дизајнирање на наставните програми, дизајнирање на училиштата, бизнисот итн. Ние веруваме дека има простор за иновации во секој аспект од образованието но и дека може да се научи. Затоа ве покануваме да бидете дел од образовниот камп за едно искуство кое ќе ги зајакне вашите способности да водите или учите иновации во вашата училница, школо, компанија а воедно и да помогнете да се развијат решенија кои ќе направат промена во образованието во Македонија.

Што добивате како учесник?

Како учесник на кампот за образование вие ќе бидете дел од еден од шесте тимови и ќе работите на еден иновациски предизвик односно идеја од почеток до крај. Од кампот ќе си заминете со длабоко разбирање на клучните принципи на дизајнерското размислување и ќе бидете спремни да ги примените во вашата работа односно по завршување на образовниот камп Вие:

  • ќе се запознаете со процесот за развој на иновации и со алатките кои се користат во процесот на иновации
  • ќе научите како се дизајнираат иновативни продукти/услуги
  • ќе научите како се креираат приказни и ќе ја разберете нивната моќ во обликување на идеите, креирање значење и поттикнување акција
  • ќе ги научите основите на добро донесување одлуки
  • ќе ги зајакнете вашите истражувачки и аналитички способности
  • ќе научите како да размислувате критички
  • ќе ги зајакнете вашите комуникациски вештини и способност за тимско работење
  • ќе ги зајакнете вашите презентациски способности и ќе научите за различните начини за презентација на вашите решенија
  • ќе ги зајакнете вашите способности за решавање на проблеми
  • ќе го разберете значењето на карактерните особини за градење на личноста
  • ќе ја проширите вашата професионална мрежа на контакти

Иако фокусот ќе биде на учесниците за стекнување на искуство од прва рака за процесот на развој на иновации целта на кампот е развој на три решенија кои ќе го помогнат образованието во земјата.

По завршувањето на кампот дел од Вас целосно или делумно ќе го променат начинот на кој гледаат на проблемите и предизвиците и преку стекнатите знаења и вештини порешително ќе пристапат кон нивно решавање и креирање на иновации од општествено значење.

Како ќе се работи?

Со цел ефективна работа тимовите ќе бидат составени пред започнувањето на кампот согласно вештините и интересите на избраните учесници а со запазување на принципите на мулти-дисциплинарност, родова еднаквост, искуство и знаење на учесниците. Кампот ќе го водат двајца ментори во соработка кои заедно со неколку експерти од различни области кои ќе пружаат поддршка на тимовите во различните фази од процесот развој на решенијата.

За време на кампот на располагање ќе бидат ставени различни алатки, материјали и прирачници за работа кои по завршување на кампот ќе останат на учесниците за нивно користење во иднина. Дополнително, организаторите ќе помогнат во организација на средби со засегнатите страни (наставници, родители, експерти) за тимовите со цел олеснување на истражувачката работа.

На крај на кампот сите 3 решенија ќе бидат презентирани од тимовите пред комисија која ќе ги оценува идеите и ќе избере победнички тим кој ќе биде награден.

image description

Нашата цел е поттикнување и развој на социјални иновации и бизниси како одговор на важните и итни општествени предизвици.