Preloader
image description
Јуни 22, 2018 @ 16 - 21 ч.

Финална презентацијана решенијата

01 Денови
01Часови
01Минути
01Секунди

За образовниот камп #Inno4Edu

Образовниот камп #Inno4Edu е шанса да дадете Ваш придонес во градењето на едно поквалитетно образование во Македонија а воедно и да искусите еден нов начин на работа кој промовира соработка, комуникација, креативност, експериментирање, мулти- дисциплинарност а воедно ја истакнува важноста на подлабоко разбирање на основите на бизнисот, дизајнерските методи и технологијата.

40

Учесници

18

Дневен Камп

10

Работилници

55

Експерти Ментори

На кои идеи ќе се работи?

Предизвици

На кампот ќе се работи на 3 идеи кои адресираат 3 образовни предизвици а кои беа развиени за време на хакатонот за образование кој се одржа во декември 2017 во склоп на конференцијата за Квалитетно образование за раст, развој и подобра иднина. Кампот ќе помогне овие 3 идеи да се развијат во решенија спремни за имплементација и тестирање (MVP).

  • image description

Карактерни Блокови

Предизвик: Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава?

Проблем кој се решава: Недоволна застапеност на воспитната компонента во наставата.

Краток опис на идејното решение: Алатката е еден вид на водич за примена на моделот на Карактерно лего кој ќе им помогне на наставниците на еден интерактивен начин, преку групна работа, фасилитација и слободна креативна околина постепено да ги градат вредностите кај учесниците. За секој од вредностите дефинирани во овој модел наставниците ќе имаат на располагање материјали, водичи за работа и фасилитација.

  • image description

Идна инклузивна училницa

Предизвик: Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка

Проблем кој се решава: Слаба меѓусебна соработка и учење; Слаби социо – емоционални вештини; Недоволно прифаќање и разбирање на индивидуалните разлики.

Краток опис на идејното решение: Нацрт на училница која се разликува од традиционалниот начин на уредување на училниците. Училница која промовира тимска работа, поттикнува разбирање на индивидуални вредности и разлики, влијае на развој на социо – емоционалните вештини кај учесниците.

  • image description

Oнлајн библиотека за образовни игри за пред-школска возраст

Предизвик: Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми?

Проблем кој се решава: Недоволно знаење на воспитувачите, родителите за различни едукативни игри за предшколска возраст со чија помош се гради основата на еден успешен човек.

Краток опис на идејното решение: Веб сајт кој им помага на наставниците, родителите и децата да добијат информации за различни видови игри кои може да ги реализираат со децата а кои може да им помогнат во развивање на креативноста и љубопитноста на децата, основата на една успешна личност.

Леонардо да Винчи

„Учењето никогаш не го исцрпува умот.“

Програма / Агенда

Кампот ќе биде организиран во периодот од 05.05 - 22.06 со времетраење од 18 дена. Дел од деновите ќе бидат посветени на учење и практична работа а дел на посети, разговори, истражување и работа во склоп на тимовите како подготовка за сесиите.

Преземете јацелосната агенда

ДЕФИНИРАЊЕ

Maj 05-11, 2018г

image description

Отворање - Воведно обраќање и презентација на идеите

Вовед во проектот, цели и очекувани резултати, генерални насоки и очекувања, начин на комуникација Претставување на тимовите и идеите.

image description

Александар Лазовски

Координатор на #Inno4edu

image description

Софија Богева

Ментор

image description

Бенџамин Перкс

Претставник на УНИЦЕФ

Мастер час: Основни конектори на еден функционален тим: Карактерни црти

Да се научи и да се разберат основните конектори кои овозможуваат формирање и ефективно функционирање на еден тим (причина, цели, вредности, очекувања).
Вовед во MBTI – модел за оценка на типот на личноста, оценка и разбирање на личниот тип и разбирање на важноста на секој тип во тимска комуникација.

image description

Горазд Смилевски

Експерт

Мастер час: Основни конектори на еден функционален тим: Групна динамика

Да се разбере групна динамика, ситуационо водство, тимски консензус, гласање.

image description

Горазд Смилевски

Експерт

Групна работа

Изработка на тимска повелба (team charter).

image description

Горазд Смилевски

Ментор

image description

Софија Богева

Ментор

TEDxSalon тип на настан: Универзален дизајн за различност и инклузија

Да се разбере принципот на универзален дизајн, значењето на инклузија во образованието и да се дознае како културата на инклузија во школите влијае на трансформација на заедниците во кои живееме.

image description

М-р. Катарина Кречева

Експерт за инклузивно образование, Фонд за иновации и технолошки развој

image description

М-р. Весна Илиевска

Интегрирано образование, Координатор на образовни програми за младински работници.

Вежба: Како изгледа процесот на примена на дизајнерско размислување за креирање решенија во 1 час

Запознавање со процесот на работа на кампот.

image description

Трејси Спаркс

Експерт

Мастер час: Продукт дизајн - 1

Вовед во продукт дизајн, процесот и документацијата - – Design Brief & Feedback frame

image description

Трејси Спаркс

Експерт

РАЗВОЈ НА ИДЕЈА

Мај 12-20, 2018

image description

Групна работа: Разработка на дизајн за проект/производ

Разработка на дизајнот со цел откривање на елементите за кои имаме информации и тие за кои треба да се дознае повеќе преку користење на неколку дизајнерски техники (разработка на документација).

image description

Трејси Спаркс

Ментор

image description

Софија Богева

Ментор

Мастер час: Дизајн на истражување и истражувачки методи

Запознавање со истражувачки технологии, процесот на спроведување на истражување и достапните техники или методи кои се користат.

image description

Софија Богева

Експерт

Групна работа: Изработка на мапа на екосистемот & План на истражување

Изработка на план на истражување ; Изработка на мапа на екосистемот.

image description

Трејси Спаркс

Ментор
  • >

image description

Софија Богева

Ментор

Теренска работа: Градење емпатија со корисници/засегнати страни

Време за истражување со цел да подлабоко се разбере предизвикот, потребите и проблемите на целната група и нивното однесување и навики.

image description

Ментори

Онлајн поддршка од ментори

TEDx вид на настан: Учење базирано на игра за предшколска возраст

Да се разбере значењето на играта во претшколска возраст и да се продискутираат придобивките/предизвиците поврзани со тоа.

image description

Проф. Д-р Алма Тасевска

Ран детски развој, Институт за педагогија на Филозофски факултет - Скопје.

image description

Д-р Надица Јанева

Ран детски развој, Задов да мајки и деца.

Групна работа: Разработка на податоците од истражувањето и креирање на сознанија

Да се разберат собраните податоци од истражувањето и да се научи како се креираат сознанија (нови откритија) кои имаат вредност.

image description

Трејси Спаркс

Ментор

image description

Софија Богева

Ментор

Групна работа: Од сознанија до концепт

Прилагодување на идеите согласно потребите на целната група врз основа на новите сознанија. Гласање и ажурирање на документите разработени за време на Ден 5 – дизајн на проект/производ.

image description

TBA - Ментор

TBA

Мастер час: Продукт дизајн - 2

Развој на дизајн критериуми.

image description

Трејси Спаркс

Експерт

Презентации на тимовите

Презентација на иницијалните идеи, добиените сознанија и следни чекори (15 мин. по тим -презентација и фидбек).

Групна работа: Развој на идеја

Генерирање идеи/ групирање/ гласање.
Изработка на “Napkin Pitch” за избраниот концепт.

image description

Трејси Спаркс

Ментор

image description

Софија Богева

Ментор

ПРОТОТИПИРАЊЕ

Maj 21 - Јуни 02

image description

Теренска работа: Градење емпатија со корисници/засегнати страни

Време за истражување со цел да подлабоко се разбере предизвикот, потребите и проблемите на целната група и нивното однесување и навики.

Вовед од експерт од областа на образованието

Краток вовед во областа на образованието од висок претставник на УНИЦЕФ.

image description

Bobby Soobrayan

Регионален советник за образование - УНИЦЕФ

Презентации на тимовите

Презентација на идеите, добиените сознанија и следни чекори (15 мин. по тим -презентација и фидбек).

Просторија 1 - Дизјанирање на инклузивна училница според принците на универзален дизајн

Како да се направи иницијална скица од внатрешноста на училницата? Работилницата е наменете за учесниците кои што работат на предизвикот - Идна инклузивна училница.

image description

проф. д-р Огнен Марина

Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Групна работа: Развој на идеја

Генерирање идеи/ групирање/ гласање. Изработка на “Napkin Pitch” за избраниот концепт.
Работилницата е наменета за учесниците кои работат на предизвиците - Карактерни блокови и Оналјн библиотека за образовни игри за пред-школска возраст.

image description

Софија Богева

Ментор

image description

Трејси Спаркс

Ментор

Мастер час: Вовед во веб платформи

Тимовите ќе научат повеќе за изработка на веб платформи, на кој начин функционираат и како се дизајнираат.
Работилницата е наменета за учесниците кои работат на предизвиците - Карактерни блокови и Оналјн библиотека за образовни игри за пред-школска возраст.

image description

проф. д-р. Димитар Трајанов

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ

Мастер час: Учење карактер – Карактерни црти и Карактерно Образование (Teaching Character - Character traits and Character education)

Интерактивна работилница која ќе помогне да се демистифицира концептот на карактерно образование и да се продискутираат можните начини за негово спроведување во секојдневната настава со цел градење на карактерот кај учениците.

image description

Аidan Thompson

Director of Strategy and Integration, Jubilee Centre for Character and Virtues - University of Birmingham

image description

Joseph Ward

Research Assistant/ Impact Officer, Jubilee Centre for Character and Virtues - University of Birmingham

Групна работа: Развој на решението

Работење на решението и подготовка на финална презентација.

image description

TBA - Експерти

Експертска поддршка

ФИНАЛИЗАЦИЈА

03-22 Јуни, 2018

image description

Групна работа: Тестирање на искуството на корисникот

Тестирање на искуството на целните групи на терен (Градски парк).

image description

Трејси Спаркс

Ментор

image description

Софија Богева

Ментор

Мастер час: Користење на моќта на раскажувањто за споделување на својата приказна

Како да ги привлечеме потенцијалните корисници кон нашата идеја? Кои се нашите корисници? Кој е вистинскиот медиум за пренесување на нашата приказна?

image description

Дона Џамбаска

Reborn


image description

Димитар Банов

Сценарист; Ментор

Мастер час: Како да блеснете на сцена?

Што го прави еден пич одличен ? Каква рамка да се користи за развој на пич?

image description

Нино Карас

Претприемач, CEO на Codewell

Групна работа: Развој на решението

Време за развој на решенијата.

image description

TBA - Ментори и Експерти

TBA

Финализација на решенијата

Работна недела за финализација на решенијата

image description

Ментори и експерти

Онлајн поддршка

Финална презентација “Deploy, Show & Tell, Destroy”

Презентација на решенијата пред жири; Прогласување на победник, врачување на награди и врачување на сертификати

image description

TBA - Жири

TBA

Коктел: Затворање на настанот

Ментори на настанот

Кампот ќе го водат ментори и експерти од повеќе области како бизнис, дизајн, архитектура, психологија, педагогија, технологија итн.


*Листата на ментори ќе биде дополнително надополнета.

Често поставувани прашања

П.За кого е наменето?

О.Сите заинтересирани за подобрување на образованието на возраст од 16 до 27 години – наставници, ученици, студенти, уметници, дизајнери, програмери, архитекти, психолози, педагози, и останати.

П.Оперативни детали (храна, патување, работен јазик)

О.Учеството на кампот е бесплатно. Работата на кампот ќе биде на македонски и во главно англиски јазик. Организаторите за учесниците на кампот кои не се од Скопје може да обезбедат повраток на трошоци за пат до 1200 ден. Храната и пијалаците за време на кампот ќе бидат обезбедени од организаторите. Сите материјали потребни за работа ќе бидат обезбедени од страна на организаторите.

П.Како да се приклучам како потенцијален ментор или посетител?

О.Како организација сме отворени и транспарентни во нашата работа. Со ова на ум ве покануваме да ја изразите својата заинтересираност за менторирање и посета на #ОбразовниотКамп.
Доколку имате таков интерес, ве молиме да ни испратите е-мејл на [email protected] најдоцно до 10.04.2018 со назнака “За ментор/За посетител - ОбразовенКамп”; и да наведете кратки информации за вашата позадина, понудите линкови до LinkedIn и сл.

П.Дали кампот/проектот ќе резултира со победник/награда?

О.Целта на овој проект е многу повеќе од финансиски бенефит или пак лична придобивка на индивидуи. Идејата е многу поголема - да прикажеме дека иновациите и решенија на проблемите може да потекнуваат од самите корисници, во случајов учениците, професорите, дизајнерите, програмерите, гејмерите и сл. Да докажеме во пракса дека со добро осмислен концепт и со вистинска и искрена намера за правење на промена луѓето ќе сакаат и ќе го донираат своето време во решавање на суштински важни предизвици.

Прегледај ги сите

Не пронајдовте одговор?Поставете прашање

Поддржувачи

СмартАп - Лабораторија за Социјални Иновации Скопје е задолжена за имплементација на проектот. UNICEF е главниот и единствен финансиски поддржувач на проектот.

  • image description
  • image description
4 -6 Декември 2017

Галерија - Образовен Хакатон

Во периодот 4-6 декември, преку тридневна интензивна работа, 5 тимови составени од дизајнери, ученици, наставници, родители, програмери, архитекти, психолози, социолози, креативци и други, заедно работеа да дојдат до инклузивни и иновативни решенија кои ќе одговорат на некои од предизвици во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет.

Локација & простор

Кампот ќе се оддржи во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје која се наоѓа на Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6.

Ох, и не заборавајте да ги поканитеи вашите пријатели!

Контактирајте неподолу

Поставете прашање на

[email protected]

& [email protected]

Сакате иновативни алатки во вашето сандаче?

Претплатете се на билтенот

Последни новости

Како организација се трудиме да транспарентно и отворено го пренесуваме прогресот на #inno4edu кампот со цел да истовремено ја прикажеме креативната моќ која ја поседуваат младите луѓе во Македонија и да поттикнеме повеќе проекти од ваква значајна природа.

2018 All Rights Reserved © Inno4Edu